Мултимилионерот Бери Дјурит-Барлоу (50) очекува бебе во октомври преку сурогат со 25-годишниот Скот Хачинсон, поранешното момче на неговата ќерка Сафрон.
Еден од првите јавно прогласени хомосексуалци во Велика Британија му предложил на поранешното момче на неговата ќерка, додека сите тројца биле на одмор во Хрватска. Свршувачката се случила на островот Хвар во близина на Сплит, на брод украсен со свеќи и ливчиња од роза со шампањ и голем сребрен и дијамантски прстен.
Претходно, Бери и неговиот поранешен сопруг Тони Дјурит-Барлоу беа првите хомосексуалци кои имаат близнаци преку сурогати во Велика Британија,. Подоцна се разделија, но сепак живеат заедно.
Бери сега го запроси Скот и тие се подготвуваат за нивната нова ќерка која ќе пристигне во октомври.
Инаку, Сафрон (20) е една од близначките ќерки на Бери и се гледаше со Скот (25), неколку месеци пред да се заљуби во 50-годишниот. Бери, кој е со потекло од Манчестер, но сега живее во Флорида, објави видео од романтичното запросување на интернет.