Д-р Оливер Зографски, ПЗУ „Зографски“ Велес
Гркланот (larynx) е орган кој е дел од грлото. Над гркланот се наоѓа ждрелото, а после гркланот продолжува душникот (traheata ). На предниот дел на вратот формира испакнување наречено Адамово јаболко, кое е многу поизразено и видливо кај машиот пол.
Гркланот е многу важен орган на дишниот систем. Со обзир на близината на носот и ждрелото, се вбројува во горните дишни патишта.
Изграден е од ‘рскавици и лигаменти кои меѓусебно се поврзани и формираат еден вид еластична цевка. Од внатрешна страна е обложен со дишна лигавица, иста како лигавицата во носот, устата или белите дробови.
Гркланот има две важни функции.
• Едната функција е спроведувањето на вдишаниот воздух кон душникот (traheata), кој понатаму се спроведува кон белите дробови.
Еден дел од гркланот наречен epiglotis има важна функција во голтањето и усмерувањето на храната. Имено тој како “капаче” налегнува врз дишниот пат, со што оневоможува залакот да навлезе во диниот пат, усмерувајќи го кон почетокот на хранопроводот. Значи гркланот е раскрсница помеѓу дишниот и хранителниот пат.
• Другата функција на гркланот е создавање на гласот. Во гркланот се поставени гласните жици кои го овозможуваат формирањето на гласот.
Гласните жици се набори од ткиво формирани од епител и неколку мускулни влакна, а прекриени со лигавица. На предниот и задниот крај се прицврстени за рскавици. Кога дишиме гласните жици се одвоени една од друга оставајќи празен простор за непречено минување на воздухот.
При создавањето на гласот тие се затегаат или згрчуваат, приближувајќи се една кон друга, при што треперат (вибрираат).
За да се формира глас потребна е доволна количина на воздух која се исфрла од белите дробови, преку душникот, поминува низ гркланот, т.е гласните жици. Тие се затегнуваат и почнуваат да вибрираат при што го создаваат гласот.
Висината на гласот зависи од дебелината и степенот на затегнатост на гласилките. Кога шепотиме, гласните жици не вибрираат, туку се собрани, што предизвикува турбулентно поминување на воздухот, при што се создав шумен звук или шепот.