Поранешниот македонски селектор е во тешка состојба од ковид-19

by Тони Зографски

Поранешниот македонски селектор и едно од најголемите имиња на велшкиот фудбал, Џон Тошак (72) е во многу тешка здравствена состојба предизвикана од коронавирусот и веќе шест дена е хоспитализиран на интензивна нега, објавија низа европски медиуми.

Велшанецот е ставен на механичка вентилација, откако сатурацијата (нивото на кислород во крвта) му е на многу ниско ниво и тој има масивна пневмонија, поради која од понеделникот е хоспитализиран.

Џон Тошак беше селектор на Македонија во периодот од 2011 до 2012 година и црвено-жолтите победија само на еден од осумте меча под негова палка, па на 13 август 2012 беше сменет, точно една година година од неговото назначување на 7 август 2011.

останати вести