КОНЕЧНО ВИРУСОТ СЕ СМИРУВА: Бројот на новозаразени падна под 100 на дневно ниво

by Тони Зографски

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-41, Куманово-12, Штип-16, Тетово-10, Струга-1, Охрид-2, Гостивар-1, Пробиштип-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-2, Тетово-2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424.

По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга.

Направените 987 теста се преку: ИЈЗ –381 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –72, Биотек – 163, Жан Митрев (Филип Втори) –101, Систина со PCR метода –137 и МАНУ -103.  Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера:

• Чаир-192

• Бутел-68

• Центар-66

• Гази Баба-63

• Аеродром-61

• Карпош-57

• Сарај-55

• Кисела Вода-37

• Ѓорче Петров-23

• Арачиново-23

• Шуто Оризари-21

• Студеничани-20

• Илинден-18

• Петровец-6

• Чучер Сандево-3

• Сопиште-2

• Странец-2

 

останати вести