Јелена Ѓоковиќ вчера наполни 36 години, а очекувано најубавата честитка на социјалните мрежи ја доби од сопругот Новак.
По величествениот триумф во Париз и освојувањето на рекордната 23. Грен слем титула, српскиот ас заедно со семејството замина на заслужен одмор на Азорските острови во Португалија.
Во рајот во срцето на Атлантикот, семејството Ѓоковиќ во саботата го прослави 37-от роденден на Јелена.
Најдобриот светски тенисер преку Инстаграм ѝ го честиташе роденденот на сопругата со фотографија на која се гушкаат и со романтична порака.
„37… Се чувствува како во рајот“, напиша накратко Новак заедно со нивните прекрасни фотографии.