Никол Кидман во стилот на Ким Кардашијан на модната недела во Париз (ФОТО)

by Тони Зографски

Никол Кидман (55) изненадила со несвојствениот стајлинг додека заминувала од модната куќа „Баленсијага“, носејќи бизарна црна маска за очи во текот на Модната недела во Париз во вторникот.

Актерката изгледала „вонземјански“ додека ја носела црната маска за очи во форма на машна, облечена во црно боди и лежерни фармерки со висока половина.

Никол со овој стил ги изненадила сите, имајќи предвид дека луѓето се навикнати да ја гледаат во елегантни и софистицирани изданија.

Nikol Kidman

Истите овие необични очила ги прошета старлетата Ким Кардашијан една година претходно, а притоа беше облечена во црна комбинација од глава до пети.

Откако беа објавени овие фотографии, интернет „гори“  околу тоа на која подобро ѝ стојат овие очила и која од овие две ѕвезди ги носела подобро.

„Ова е тотално Ким Кардашијан стил“, „Хм, не знам, на крајот на краиштата Ким прва ги носеше…“, „Зошто некој би сакал да копира старлета?“, се само некои од коментарите.

останати вести