Бритни Спирс, кога по 13 години беше ослободена од старателството на нејзиниот татко, односно се оттргна од неговата целосна контрола врз нејзиниот живот, кариера и финансии, се потруди да надомести сѐ што пропушти во некои претходни години.
Таа често на Инстаграм објавува провокативни фотографии, понекогаш дури и целосно гола, на кои со рака или со налепници ги покрива интимните делови.
Таа исто така сака да ги споделува со своите следбеници кореографиите што ги дизајнира за нејзините омилени песни, а една од најконтроверзните објави од колекцијата на поранешната поп принцеза е стриптизот околу шипка.