Пол Макартни е прв уметник за кој е потврдено дека ќе настапи на Гластонбери фестивалот што ќе се одржи следната години.
Бившиот “Битлс“ ќе наполни 78 години една недела пред фестивалот, што ќе го направи негов најстар учесник. Претходно, рекордот го држеше Чарли Ватс од Ролингстонси кој во 2013 имаше 73 години, кога беше на бината со својот бенд.
Инаку, пред Пол Макарти на овој престижен фестивал настапиле: Дејвид Боуви, Елвис Костело, Питер Габриел, Ван Морисон, Колдплеј, РЕМ и многу други.