Бредли Купер откри дека е сосема нормално да шета низ куќата целосно гол како што секогаш правел неговиот покоен татко кога актерот растел.
Тој беше гостин во подкастот на Dax Shepard’s Armchair Expert, каде водителот му призна дека неговото семејство е „цело време голо“.
– И моето – одговорил Бредли.
– Не со мама, туку бев гол со тато. Татко ми беше секогаш гол, јас секогаш се туширав со него – продолжил тој.
– Со ќерка ми разговараме додека сум во тоалет, а таа е во када.
Домаќинот го прашал: „А ти е сосема удобно да шеташ наоколу?“
– Тотално – потврди Купер.
Водителот потоа откри дека неговите деца, Линколн (10) и Делта (9) редовно влегуваат во бањата додека тој врши голема нужда, нешто со што би се поврзал и Купер.
– Мојата спална соба, када, тоалет и кревет се во иста просторија – објасни актерот. „Дали тоа ѝ пречи на вашата ќерка? праша водителот, а Купер одговори: „Не, не. Зборуваме кога јас седам на тоалет, а таа е во када“.
Инаку, Бредли со поранешната сопруга Ирина Шајк ја има шестгодишната ќерка Леа де Сејн, објави БазФид.