Бредли Купер и Џиџи Хадид се повеќе ги разгоруваат гласините дека се во врска.
48-годишниот актер и 28-годишниот модел беа фотографирани заедно низ улиците на Њујорк, додека надвор врнеше дожд.
Според информации од странските медиуми, тие се запознале преку Ирина Шајк, која му е поранешна девојка на Бредли, а блиска пријателка на Џиџи.
Сè уште не е потврдено дали нивниот однос е пријателски или романтичен. „Тие се забавуваат“ – изјавил извор близок на парот.
И двајцата имаат по едно дете од претходни врски. Бредли има 6-годишна ќерка со Ирина, додека Џиџи е мајка на 3-годишната Каи, од врската со Зејн Малик.