Бугарскиот премиер Бојко Борисов на прашањето дали примерот со Македонија е исто како бугарскиот со влегувањето во Шенген зоната, тој изјави дека е лесно да се обвинуваат две-три земји, но оти огромен дел од државите се „за“ Бугарија во Шенген. Тој посочи дека не сака да зборува во името на Франција зошто ги стопира Северна Македонија и Албанија и додаде дека никој не вели „не“, но оти сите сакаат се да биде добро исполнето.
-Го посоветував Заев да не поднесува оставка, зашто има уште многу работи да се завршат, изјави Борисов.
Ако во Македонија има партии и сили, кои сакаат да се вратат назад, тоа е исто голем проблем, дополни премиерот и посочи дека не е во ред од него да се дознава што се случило во Скопје