Премиерот Зоран Заев денеска на граничниот премин Табановце ги прими првиот дел од вакцините од страна на српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Заев на својот Инстаграм профил објави фотографија во која вели дека на претседателот на Србија му подарил икона од светецот Св. Пантелејмон кој своевремено целиот свој живот го поминал во лекувањето на болните и во служба на изнемоштените.