ВО 9 ЧАСОТ ДОБИВАМ СМС ВО 11 ДА СЕ ПОЈАВАМ ВО СОБРАНИЕ. СОБРАНИЕ ЛИ ВОДИТЕ ИЛИ КООПЕРАЦИЈА?: Апасиев среќа што живее во Скопје

by Тони Зографски

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави дека добил порака да се појави во Собранието, поради најверојатно продолжување на конститутивната седница.

„Сабајлево во 9:00 часот добивам СМС дека денес во 11:00 часот сум поканет, како претставник на Левица, на координација во Уставна сала во Собранието на РМ од страна на претседавачот Таљат!? Сета среќа шо у Скопје живеам… Еве, у Охрид да живеев, ќе требаше ваљда со хеликоптер да летнам? p.s. Шала на страна, патец у средина. СЕРИОЗНА е работава со вашава несериозност! Собрание ли водите или селска кооперација!? Па ја во односот со студентите имам покоректно однесување, отколку вие „државници“ со пратениците“, стои во Фејсбук статусот на Апасиев.

останати вести