Густ облак од портокалова прашина го обои портокалово небото над Ирак, кој беше погоден од песочна бура. Поради лошата видливост, авионите се „закотвени“ на аеродромите во Багдад и Наџаф.
Песочните бури се се почести на Блискиот Исток, а експертите велат дека за тоа се виновни климатските промени и лошото управување со земјиштето и водата. Во некои делови на Ирак видливоста беше намалена на помалку од 500 метри.
Во текот на април 2022 година, имаше неколку песочни бури во Ирак, а некои жители побараа медицинска помош во болниците поради проблеми со дишењето.
Се очекуваат сè повеќе песочни бури поради сушата, претворање на плодното земјиште во пустина (пустинување) и намалени врнежи, соопшти ирачката хидрометеоролошка агенција за новинската агенција АФП. Проблем може да биде и недостатокот на зелени површини во градовите и нивната околина.
До 2026 година, во Ирак може да има до 300 песочни бури годишно, наведува Програмата на Обединетите нации за животна средина.