Талибанците тепаат жени низ улиците во Кабул (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како Талибанците во Кабул на главната улица пред Универзитетот Кардан безмилосно ги удираат жените кои се обидуваат да влезат во кампусот.

Утринава, пак, се појави и првата фотографија на која се гледа како се одвива наставата на Универзитетите, откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан. Предавалните се поделени на средина со паравани, на едната страна се студентите-момчиња, на другата страна се студентките.

Талибанците уверуваат дека жените во Авганистан ќе имаат право да учат, но се ќе биде во согласност со шеријатскиот закон.

останати вести