БОГ МЕ ИСПРАТИ: Поранешна професорка објаснува зошто почнала да снима порно филмови (ФОТО)

by Тони Зографски

Кортни Тилија е наставничка која решила да се откаже од наставата и да стане вистинска ѕвезда на OnlyFans.

Таа се декларира како христијанка и верува дека Бог ја испратил на земјата за да им помогне на другите жени да се „ослободат“ од нивниот сексуален срам.

– Божјата порака беше сосема јасна: Јас сум тука да бидам утринска ѕвезда. Ова е мојот начин на служење – изјави таа во интервју за Дејли Стар.

Мајката на четири деца претходно работела како професорка во средно училиште.

– Пред да го напуштам предавањето се чувствував одвоено од себе и од Бога. Не знаев која е целта на мојот живот и за што сум создадена – рекла таа.

Foto: Profimedia

После тоа, во 2016 година, таа отворила профил на OnlyFans, а нејзиниот сопруг ја поддржал.

Поранешната професорка признава дека на почетокот се срамела, пред полека да сфати дека нејзиното строго христијанско воспитување е причина за нејзината вина.

– На почетокот имав толку многу сопствен сексуален срам. Се сеќавам дека бев на фотосесија каде што имаше неколку ѕвезди, и бев многу возбудена. Ги чувствував предрасудите кои ми ги всади општеството и религијата и бев многу свесна за тоа – објаснила Тилија.

останати вести