Петар Богојески промоторот на Македонски концепт во Студио 10 на ТВ24 ги искоментира новите кадровски промени во СДСМ.
„Реформаторот во СДСМ е Заев. Далеку дека тој мене ми е идол, јас него сум му идол. Сите партии се колнат во демократија, но ние една партија не сака демократија. Ние се имаме две приватни друштва ВМРО е АД , а СДСМ од вчера е ДОО,која е разликата? Во ВМРО-ДПМНЕ Груевски и Мијалков не се чувствуваа кадри да ја водат партијата па на Мартин Протуѓер му дадода неколку акции и направија Акционерско друштво.Додека пак Заеви се чувствува силни да ја водат партијата и затоа направија Друштво со ограничена одговорност. И сега имаме дев приватни политички партии. Ова не се процеси на демократизација туку ова е хибриден режим,- вели Петар Богојески во Студио 10 на ТВ24.