Заев во разговорот потенцира и дека досега не направил никаква штета на државните и на националните интереси.

-Не само што ги имам сочувано, туку и доафирмирано и потврдено, тврди премиерот.

Тој во разговор за „Фокус“ зборува и за очекувањата во јуни, внатрепартиските односи, актуелните афери, локалните избори.

Владата на последната седница ги раскина договорите со друштвото „Инвока груп“, која се поврзува со Рашковски- едниот е за групна набавка од 28.2.2020 година и Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции од 11.8.2020.

На Рашковски пред една недела му беше продолжен притворот за случајот за јавна набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци кој што Министерството за внатрешни работи со месеци не го користело. Генералниот секретаријат го купил софтверот од фирмата, која е формирана веднаш по стапувањето на Рашковски на функција. Обвинителството пред една недела отвори уште една истрага за Рашковски, овој пат за за оштетување на буџетот за 100 илјади евра со незаконито спроведување на јавна набавка.