Песната за новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд „Нема време за умирање“, (No time to die) ќе ја пее 18-годишната апериканска поп пејачка Били Ајлиш.
„Били Ајлиш ја компонираше песната со својот брат Финес и ќе стане најмладиот музичар во историјата, што ја снимила насловната нумера за филмот за Џејмс Бонд“, се наведува во коментарот на официјалната страница на франшизата.
Ајлиш оваа информација ја објави на својот профил на Instagram со логото на 007.
„Откачено е да бидеш дел од ова на кој билo начин“, изјави пејачката, додавајќи оти задачата била голема чест. „ ‘Џејмс Бонд“ е најкул филмски серијал на сите времиња. Сѐ уште сум во шок“, вели Ајлиш.
Инаку, последните две теми за Бонд, „Скајфол“ на Адел и „Чкртки на ѕидот“ на Сем Смит, освоија Оскар.
https://www.instagram.com/p/B7TlTtVF8zD/?utm_source=ig_web_button_share_sheet