Поранешната сопруга на Том Круз, глумицата Кејти Холмс веќе не ја крие врската со Џејми Фокс.
Таа конечно откри: “Да во врска сме“, напиша Кејти.
Главната причина што врската се чуваше во најстрога тајност е Том Круз. Имено, по пропаѓање на бракот кој траеше од 2006 до 2012 година, Кети добила забрана пет години да не смее да “влегува“ во емотивна врска. Препрека било и тоа што Џејми бил поранешен близок пријател на Том, па врската ја сметал за чин на одмазда. Исто така и самиот брак на Том Круз и Кејти Холмс бил инициран од начелата на сајентологијата во кој актерот е многу активен.
Том и Кети ја имаат ќерката Сури чиј старателство и припадна на мајката.