ПОЗНАТИОТ БРЕНД ГИ РАЗЛУТИ КУПУВАЧИТЕ: “За 1.000 долари можеш да изгледаш како логораш“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Луксузниот бренд “Loewe” се извини и повлече две парчиња облека поради обвинение од купувачите дека панталоните и кошулите кои се во пруги потсетуваат на облеката на логораши во нацистичките концетрациони логори.

Оваа шпанска компанија ги пушти црно-белите кошули и панталони како специјална колекција инспирирано од англискиот керамичар од 19-от век Вилијам де Морган.

Веднаш откако колекцијата беше пуштена во продажба почнаа нападите на купувачите за нејзиниот изгледа.

-За скоро 1.000 долари можета да изгледате како логораш- беше еден од коментарите.

Инаку, кошулата чини 950 долари.

 

останати вести