ДЕВОЈКАТА КОЈА ГО ПРЕКИНА ФИНАЛЕТО НА ЛШ: Прескокнав две огради до теренот, па бев малку во притвор (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Кинси Волански, русокосата која својата популарност ја стекна за само една ноќ, по нејзиниот фамозен упад на теренот во Мадрид, додека се одржуваше финалето во Лигата на Шампиони, помеѓу Ливерпул и Тотенхем вчера беше во Сплит, а утре доаѓа во Скопје со со нејзиниот дечко Виталиј Здороветски.

-Витали ми рече дека ќе ме остави ако не го направам тоа, и затоа морав да на го прекинев финалето во Мадрид – во шега изјави Кинси за хрватските медиуми и додаде:

-За мене тоа не беше проблем. Имаше две огради додека стигнам до теренот, но јаст трчав многу бргу па така да немаше прболем, ако се земе в предвид дека после тоа бев малку во притвор – вели Кинси која во овој период ќе посети дури седум држави меѓу кои и Македонија.

(фото: 24сата.хр)

 

останати вести