Британскиот национален јавен сервис БиБиСи престанал да ја емитува својата редовна програма и од минута во минута известувал за здравствената состојба на кралицата Елизабета Втора.
Таа е под медицински надзор во нејзиниот замок Балморал во Шкотска. Според британските медиуми, лекарите се загрижени за нејзиното здравје.
Here is how BBC One interrupted programming to report on The Queen’s health pic.twitter.com/WkwlvmNWwL
— Scott Bryan (@scottygb) September 8, 2022
По прегледот утринава, лекарите одлучиле дека кралицата Елизабета Втора мора да биде под лекарски надзор. Би-би-си јавува дека британскиот принц Чарлс и принцот Вилијам отпатувале во Балморал откако ја добиле веста.
Кралицата била принудена да го откаже планираниот состанок вчера, откако лекарите ја советувале да се одмори, еден ден откако таа потврдила дека Лиз Трс е нов премиер на Велика Британија.
Трс истакнала дека целата земја е многу загрижена поради веста за влошеното здравје на кралицата