Двајца полицајци се повредени и префрлени во болница откако пукале еден кон друг на аеродромот во централниот турски град Кајзери. Како што пренесуваат турските медиуми, едниот полицаец сакал да го убие другиот, а потоа да се самоубие.
По пукотниците полицијата ги засили мерките за безбедност на сите аеродроми во земјата , јавува агенцијата Ројтерс.
Не е позната причината поради која дошло до пукоптница меѓу полицајците.