Во необичниот акт на спротивставување кон претседателот Александар Лукашенко, Белорусите на своите тераси поставиле разни предмети во боите на предсоветското знаме.
Така жителите на Белорусија на своите тераси пружаат брусхалтери, гаќи и маички во црвено-бела боја. Кај некои во тие бои се завесите, на некои прозорци има црвено-бели цвеќиња, а на протестите има жени кои ги носат овие бои.
Бело-црвено-белото знаме претставено во 1918-та година, кое кратко повторно се употребувало во 90-тите години, сега е симбол на демонстрациите против белорускиот режим и го усвоиле опозиционерите како знаме на нивното движење.
Токму ова знаме можело да се види во текот на протестите во август, по претседателските избори, на кои, според официјалните податоци, убедливо победата ја однел Александар Лукашенко, но опозицијата тврди дека резултатите се лажирани.
Инаку, официјалното знаме на Белорусија има зелено-црвено боја, а администрацијата на Лукашенко забранила користење на другото, што довело до ситни акции на бунт кај белорускиот народ.