Најдобриот вардаров ракометар Даинис Криштопанс заминува во Берлин и утре треба да биде официјалната промоција.
Денеска, германскиот клуб ја официјализираше информацијата и го претстави Даинис Криштопанс за свој играч и тоа веднаш.
Криштопанс веќе неколку дена не тренираше во знак на протест за неисплатените плати од Вардар, а незадоволството го докажа со својот нов ангажман. Иако има договор со ПСЖ од почетокот на следната сезона, летонскиот десен бек, очигледно, решил да не игра без плата, но истовремено и да не стои во место и да најде нов ангажман.
фото: РК Вардар