Американскиот актер Џеф Бриџис пред две години откри дека има рак на крвта.
Оскаровецот ја објави веста на Твитер. „Како што би рекол Пича … Нешто ново излезе на виделина“, напиша Бриџис, продолжувајќи ја изјавата:
„Ми дијагностицираа лимфом. Иако станува збор за сериозна болест, се чувствувам среќен што имам одличен тим на лекари и прогнозата е добра. Почнувам со третман и ќе ве известам за моето закрепнување “.
Лимфомот е форма на карцином кој влијае на лимфниот систем, кој е дел од мрежата на микроби во организмот.
Сега, Бриџис сподели убави вести.
Го победил ракот, заедно со короната.
„Бев болен скоро две години и сето тоа ми изгледаше како сон. Не беше сè лошо, имаше прекрасни моменти за време на болеста, сосема неочекувани, чувствувајќи ја сета таа љубов од семејството и пријателите и од другите луѓе ширум светот. Беше тоа неочекувано, убаво чувство, како и љубовта што некако ја поттикна во мене. Си реков: „О, да, ова е животот, ова е прекрасно“, и сè стана некако хиперскапоцено за тоа време“, откри Бриџис.
Актерот Џеф Бриџис е во брак со Сузан Гастон 43 години, а парот има три ќерки. Во интервју тој ја откри тајната на нивниот долг брак и истакна дека тоа е љубов на прв поглед.
Оскаровецот Џеф Бриџис и неговата сопруга Сузан Гастон во јуни ја прославија 45-та годишнина од бракот, годишнина што е навистина ретка меѓу паровите во Холивуд. Славниот актер сега ја откри тајната на нивниот долгогодишен брак за списанието „Пипл“.
– Јас сум навистина благословен. Ние сме навистина различни луѓе, но го славиме тоа и не дозволуваме ништо да не раздели. Ја почитувам нејзината мудрост- истакна тој.
70-годишниот актер ја запознал својата 67-годишна сопруга во 1974-та година кога таа имала 20 години и работела како келнерка на ранч, каде што го снимил вестерн филмот „Rancho Deluxe”.
– Тоа беше љубов на прв поглед- призна Бриџис, кој стапи во брак со Сузан две години откако се сретнаа. Минатата година неразделната двојка го продаде својот ранч во Монтецити на својата сосетка Опра Винфри за дури 6,8 милиони долари, а денес живеат во Монтана. Тие минатата година таму ги поминаа и Божиќните празници заедно со своите три ќерки Изабел (39), Џесика (37), Хејли (34) и нивните семејства.
– Тие се сакаат и поминуваат многу време заедно. Цело време си поставуваат прашања, за да бидат сигурни дека и двајцата уживаат во сè – изјави нивната ќерка Изабела.
Таа истакна дека бракот на нејзините родители е вистинска инспирација за неа и нејзините сестри и не криеше дека имале среќно детство полно со љубов. Заедно со нејзиниот татко, Изабела објави книга за деца, која тие ја напишаа и илустрираа.
Џеф Бриџис е едно од најпопуларните имиња во Холивуд, а неговата завидна кариера трае 50 години. Досега тој беше номиниран за Оскар седум пати, а доби златна статуа во 2009-та година за филмот „Лудо срце“. Сепак, најголемата среќа во неговиот живот е неговото семејство и тоа е нагласено во секое интервју. Тој сè уште активно се занимава со глума, а наскоро ќе се појави во новата серија „Старецот“, според книгата на Томас Пери од 2017-та година.
70-годишниот Бриџис доби Оскар за најдобра машка улога во 2010 година за улогата на алкохоличар во филмот „Лудо срце“, а во 2019 година беше почестен со наградата Сесил Де Мил за време на наградите „Златен глобус“. Во моментов ја снима мини-серијата „Старецот“.