Влатко Стефановски пред 22 години се запознал со принцот Чарлс во Скопје. Тој сега првпат ги објави фотките направени во хотелот „Континентал“.
Влатко на Инстаграм напиша дека ја изгледал серијата “Круна“ посветена на британското кралско семејство, која го потсетила на дружбата со принцот Чарлс.
“Само што ја догледав серијата “Круна“, па решив да споделам слики со неговото величество, принцот од Велс, што се случи во ноември 1998 година. Како сувенир, тогаш му го подарив мојот најнов албум ‘Џипси меџик’“ напиша Влатко.