Основачот на познатата рок група „Трaин“, басистотЧарли Колин почина откако се „лизна под туш“, пренесе „Скај њуз“.
Неговата мајка и сестра потврдија дека несреќата се случила во Брисел, каде Колин го чувал станот на пријател, но не споделија повеќе детали.
Членовите на неговата група се простија од Колин и објавија дека е „легенда“ и една од главните причини за успехот на „Треин“.
Колин беше основачки член на групата, заедно со Пет Монаган, Роб Хочкис, Скот Андервуд и Џими Стафорд, и со нив ги сними големите музички хитови „Drops of Jupiter“ и „Marry Me“.
Тој, наводно, бил принуден да ја напушти групата во 2003 година поради проблеми со злоупотреба на супстанции.
„Трaин“ го сними својот најпознат хит „Hey, Soul Sister“ во 2009 година, по заминувањето на Колин од групата.