Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ уште еднаш покажа како се весели. Овој пат тој со неговиот пријател, Драган Марковиќ Палма во грчаката Пaралија ги забавувал околу 1.200 гости кои играле и пееле со него.
На свечената вечера Дачиќ, ги испеал песните „Пукни зоро“ и „Муштулук“ а во духот на грчката традиција почнал да крши чинии.
На веселбата присуствувал и синот на Дачиќ, Лука.