Британскиот туроператор Томас Кук банкротира со што се откажаа аранжманите на стотици илјади клиенти. Беше соопштено дека над 600 илјади туристи, клиенти на туристичката компанија се погодени од банкротот.
Компанијата во соопштение нагласува дека одборот „донел одлука дека нема друг избор освен да преземе чекори за задолжителна ликвидација“. Петер Франкхаузер директор на Томас Кук им се извини на клиентите, вработените и партнерите на компанијата.
Претходно, компанија во петокот побарала од акционерите заем од 200 милиони фунти за да опстане.
Инаку, компанијата Томас Кук прва на светот организирала патувања во вид на туристички аранжмани во далечната 1841 година,. Постара од оваа компанија е Кокс и Кингс (која постои преку 260 години), но оваа компанија била задолжена за организација на патувања на воениот персонал од Англија до Индија и на почетокот не работела со класични туристички патувања.