Виторија Буено (16) од Минас Жераис, Бразил, го брка својот сон да биде балерина и покрај попреченоста.
Почнала да вежба балет по совет на нејзиниот физиотерапевт, кој ја забележал страста на девојчето за танцување.
Оттогаш Буено станала сензација на социјалните мрежи, со над 150.000 следбеници на Инстаграм, каде што често објавува видеа на кои што го покажува својот талент.
Кога мајката на Буено ја однела својата ќерка на час по балет кога таа имала само пет години, била загрижена дали ќе се вклопи.
Родена без раце, сонот на Буено да биде танчерка изгледал нереален – особено во малото гратче Санта Рита До Сапукаи во руралниот дел на Бразил, каде нејзината попреченост предизвикувала само непријатна љубопитност.
„Луѓето ќе се редеа пред куќата за да ја видат“, вели нејзината мајка Ванда (39) со болка додека се присетува на нечувствителноста на луѓето.
„И ги креваа ракавите за да погледнат дека нема раце“.