Српскиот фолк пејач Миле Китиќ бил претепан за време на настап. Според објавената снимка, момче му се доблишува на Китиќ за време на настап во еден угостителски објект. Во почетокт се чини дека сака да нарача песна, меѓутоа набрзо пејачот е удрен и завршува на подот, а потоа го напаѓаат уште неколку лица.
За среќа на пејачот веднаш реагираше обезбедувањето на локалот па успеал да помине без сериозни последици.
-Пеев во петокот во Базел, дојде еден гостин и ми рече: “може ли таа и таа песна?“. Јас му велам, “Почекај, не можам да ја прекинам песната што ја пеам?. Јас нему убаво му кажав а тој ме повлече за ракав, јас се сопнав преку скалите и паднав. Веднаш стигна обезбедувувањето и го тргна од мена. Не ме удри, иако на снимката изглед поинаку – вели Миле Китиќ.