АНТОАНЕЛА ЗБЕСНА: Синот на Меси ја фрли гумата за џвакање кон навивачите (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Семејството на најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси привлекува големо внимание во Катар. Сопругата Антонела и синовите го бодрат од трибините на секој натпревар на Аргентина во Катар.

Во осминафиналето против Австралија, помладиот син на славниот ас, Матео Меси се најде во центарот на вниманието поради еден неприфатлив потег.

Матео, еден од трите сина на Меси, скокаше, навиваше и емотивно ја следеше играта во која главна ѕвезда беше неговиот татко, но потоа направи една работа што е неприфатлива.

Имено, Матео во еден момент ја извади гумата за џвакање од устата и ја фрли кон навивачите под ВИП-ложата. Кога го виде тоа, мама Антонела, полуде. Таа едвај успеа да го спречи, згрозена од потегот на својот син, на кој јасно му порача дека не смее да го прави тоа.

Видеото се проширило на социјалните мрежи, а седумгодишниот Матео неочекувано станал главна ѕвезда на Мундијалот.

останати вести