Американската актерка Лиза Рина не е срамежлива кога треба да зборува за нејзиниот сексуален живот.
Лиза има 60 години, а нејзиниот сопруг и колега Хари Хамлин е 12 години постар.
Актерката призна дека веќе не се толку често интимни, но …
„Навистина имаме одличен секс, и отсекогаш било така. Можеби тоа не се случува толку често како кога сте во 30-тите и 20-тите, би рекла. И мислам дека тоа е нормално. Тоа е природната еволуција на животот“, забележува Лиза во новото интервју.
Годините и донесоа многу добри работи.
„Стигнав до точка кога на 60 години сум многу посигурна отколку на 30. Ја сакам оваа возраст затоа што сум послободна и пострасна од кога и да е“, изјави Рина.
Двојката беше во врска речиси пет години пред да се венчаат во август 1997 година.
Имаат две ќерки.