Момче од Риека секој ден од балкон на саксафон ги развеселува комшиите во изолација (ФОТО)

by Тони Зографски

Секој на свој начин се бори со изолација и мерките воведени за да се одбраниме од ширењето на коронавирусот.

Момче од Риека кое е во домашен карантин го развеселува целиот комшилук свирејќи на неговиот саксафон од својата тераса, пренесува Н1 Загреб.

Блуз, џез, соул и разна друга музика се шири низ риечката населбе Козала.

Интересно е што неговиот стан е на 18-от кат на зградата во тој дел од градот.

останати вести