Актерот Лисјен Лависконт од неодамна е во врска со 16 години постарата светска ммузичка ѕвезда Шакира.
Нивната љубов започна со деловна соработка, откако ѕвездата од серијата „Емили во Париз“ беше поканета во Мајами да го снима нејзиниот спот.
Иако не сакаат да зборуваат за нивната врска, Лисјен проговори за соработката со пејачката, па јасно е дека не може да ја сокрие својата љубов.
“Шакира е една од најневеројатните уметници што некогаш ја украсила планетата. Нејзината посветеност на нејзината работа, нејзините обожаватели и нејзината љубов кон животот се навистина инспиративни. Таа е една од најубавите и највредните луѓе што некогаш сум ги запознал”, изјавил актерот за US Weekly.
Станува збор за спотот за песната „Punteria“ кој Шакира го сними со Карди Би, а кога се јави Лисјен ја снимаше хит серијата „Емили во Париз“, па и покрај бројните обврски успеаја да се договорат .
„Во тоа време го снимав „Емили во Париз“, но успеавме да ги одредиме датумите и бев на следниот лет за Мајами“, откри тој и додаде дека набрзо почнале да се забавуваат. Тој и официјално е нејзиниот прв партнер по разводот со фудбалерот Жерар Пике, од кого пејачката се разведе пред две години, наводно поради неговата измама, пренесува „ЦДМ“.