СЕ НАОЃА ВО КОМА: Која од “Досциплина кичме“ имал мозочен удар (ФОТО)

by Тони Зографски

Фронтменот на култната рок група “Дисциплина Кичма“, Душан Којиќ Која (58) имал мозочен удар и се наоѓа во болница во кома.

Имено, како што дознаваат српските медиуми, Која отишол во Англија на гости кај сестра му и таму доживеал мозочен удар. Веднаш е пренесен во болница, па докторите го ставиле во вештачка кома.

Која е активен на сцената скоро четири децении. Беше член на “Шарло Акробата“ а во 1981 година ја основа “Дисциплина кичме“.  Тој правеше музика и за филмот “Како пропадна рокенролот“.

 

останати вести