Актерката покажала како изгледа среќна и задоволна жена во 56 година од животот (ФОТО)

by Тони Зографски

Американската актерка Кејт Волш се појавила на плажа со вереникот Ендрју Никсон и го покажала телото на зрела жена во 56-тата година.

Таа носела бикини, а и максимално уживала во морето и сонцето, смеејќи се на шегите на својот сакан.

Светските медиуми пренесуваат дека Кејт е единствената актерка која ужива во животот најмногу што може. Таа пред три години одлучила да го напушти Холивуд и да се пресели во Австралија за да живее со својот вереник фармер.

„Навистина ја сакам Австралија. Тука ми е прекрасно“, изјавила таа.

Кејт Волш денес живее на релација Америка – Австралија и се труди да биде што поопуштена.

Својот вереник фармер го запознала на крстарење во 2020 година додека пред него била во брак со филмски продуцент.

 

останати вести