Ања Тејлор-Џој на неодамнешната премиера на филмот Dune: Part Two во Лондон се појави во широк бел фустан, а на главата носеше шал кој многумина потсетуваше на хиџаб.
Таа предизвика многу коментари на социјалните мрежи поради нејзината облека. Многумина напишаа дека изгледа „како ангел“ и дека фустанот и шалот одлично и прилегаат. Некои се шегуваа на сметка на нејзиниот изглед, но некои беа лути поради изборот на Ања.
„Зошто Ања Тејлор-Џој носи хиџаб? Тоа е непочитување на нечија култура и религија“, „Кога бела девојка го носи, тоа е мода, кога муслиман го носи, тоа е угнетување“, „Белите жени глумат муслиманка, но тие никогаш не зборуваат во нивно име“, „Знаеме дека таа може да ја соблече оваа облека и да се појавува во јавноста без никакви последици“, беа дел од коментарите на Твитер.
Потсетуваме, 27-годишната актерка беше најголемото изненадување на премиерата. Според списанието Variety, гласините дека Тејлор-Џој глуми во филмот на Денис Вилнев почнаа да кружат на интернет неколку дена пред премиерата, откако актерката беше прикажана како дел од актерската екипа на Дина на Letterboxd. Летербоксд оттогаш ја отстрани од листата, но нејзиното појавување на премиерата ги потврди гласините.