-Маската не може да му наштети на здравјето на децата, вели имунологот Срѓан Јанковиќ и додава дека маската е столбот на превентивните мерки за спречување на инфекција, сè додека не пристигне вакцината.
Јанковиќ наведува дека маската може да претставува неудобност кај децата, но дека во овој момент не може да се зборува за тоа, затоа што таа штити од опасно заразно заболување, кое за некои може да биде смртоносно.
– Маската е наменска, оправдана и неопходна. Тоа е столбот на превенцијата од инфекција. Додека не ја добиеме вакцината, тоа е единственото нешто што можеме да го направиме за да ја спречиме болеста“
Тој забележува дека децата обично немаат сериозна клиничка слика и не се загрозени од Коронавирусот, но ако инфекцијата е масивна, има и такви меѓу децата кои се родени со слаб имунитет и можат да бидат сериозно загрозени.
За деца кои не можат да носат маски поради здравствени причини, алтернативата е визир, а Јанковиќ вели дека студиите покажале дека заштитата што ја обезбедува визирот е значително помала од маската.