Македонски фудбалер е прв спортист кај нас заразен со коронавирус

by Тони Зографски

Македонскиот фудбалер Изаир Емини  е првиот македонски спортист кој официјално е позитивен на тестирање на коронавирус.

Емини кој оваа сезона е член на косовскиот тим Дрита Гњилане е позитивен на ковид-19 на последното тестирање. Сепак, тој не чувствува силни симптоми на коронавирусот и засега е во домашна изолација.

Претходно, заболен беше боречкиот тренер Љубиша Пешко, но по неколкудневен болнички третман успешно ја надмина болеста.

Инаку, Изаир Емини во во Македонија играше за Ренова и за Шкендија.

извор: Екипа

останати вести