Д-р Екатерина Јурукоски, дерматолог, специјалист по естетска медицина
Заморот, честите настинки, падот на имунитет се особено присутни во зимскиот период, а згора на тоа се јавуваат и проблеми со чувствителна кожа.
Поради промена на температурата од студена клима надвор до топлите домашни простории, како и поради ветерот надвор и сувиот воздух во затворените простории, кожата во зима станува сува, затегната, а може дури да се јави лупење што создава голема непријатност.
На ладно време се намалува микроциркулација и се намалува излачувањето на себум кој ја заштитува кожа од дехидратација. Поради ова кожата станува сува, со намален тонус.
За да ја одржите убавината и здравјето на вашата кожа за празниците кои следуваат, применете ги овие многу едноставни совети.
Внесувајте доволно течности
Нашето тело се состои од 70 % вода. Ако нема добро похранување одвнатре-не можете да очекувате нормална боја на кожата и нормален тонус. Користете чиста вода.
Внимавајте на исхраната
Исклучете храна со многу шеќери и маснотии. Во вашата исхрана мора да биде присутна доволна количина на омега-3 киселини кои ја заштитуваат кожата од надворешни влијанија.
Надворешна нега.
Избегнувајте миење со премногу топла вода да не ја направите кожата премногу сува.
Користете максимално нежни средства за миење (пена, млеко за чистење)
Исклучете тоници за лице со алкохол во состав.
Изберете крема што ви одговара за зимски период
Обична хидратна крема ќе биде недоволно нутритивна за вашата кожа. Дополнително похранување е неопходно. Зимската крема мора да биде потешка и да има масленеста база. Обрнете внимание на креми што содржат во состав масло од кокос, авокадо, јојоба и арган. Идеално ќе биде користење серуми пред да ја ставите кремата како дополнителна нега. Биоревитализација ќе го освежи максимално вашето лице за Новогодишната ноќ.
Специјална зимска заштита
Додека поминувате повеќе време надвор на ладна температура заштитете ја вашата кожа со специјални средства. Вообичаено таквите креми можете да ги најдете по аптеки. Тие имат конистенција што повеке личи на маст. Ако одите на планина и ќе спортувате надвор задолжително да ставите заштитен фактор најмалку со заштита 15 и да го заштитите лицето со специјална маска и облека.
Доволно е да ги следите овие лесни совети за Новогодишните празници и да имате подготвена кожа пред пролет.