Доколку вечерва ја совладаат Грузија во баражот за Европското првенство, македонските фудбалски репрезентативци ќе поделат три милиони евра пишува „Спортмедиа“.
Таквиот триумф за Македонија ќе значи прв пласман на едно големо фудбалско натпреварување.
Од пласманот на ЕП многу ќе заработи и самата ФФМ која како награда од УЕФА ќе инкасира неверојатна сума од 9,45 милиони евра.
Инаку, репрезентатовците веќе еднаша беа добро наградени и тоа за освојувањето на првото место во групата од Лигата на нации кога поделија 500.000 евра.
Натпреварот со Грузија се се игра вечерва од 18 часот во Тбилиси.