Потсетуваме, Адријана предизвика многу коментари пред неколку недели откако се појави на премиерата на The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes во Лос Анџелес.

Многумина на социјалните мрежи напишаа дека Адријана на премиерата се појавила со видно закосени очи и кренати веѓи. Тие истакнаа дека се сомневаат во процедурата на лисичји очи, која е своевиден тренд во светот и која ја пробале многу познати ѕвезди.

Адријана тогаш како одговор на критиките објави фотографија без шминка. „Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две пред-тинејџерки, активно момче, едногодишно дете кое учи да оди и три кучиња… Ви благодариме за грижата“, напиша таа покрај објавата.

Инаку, Лима се повлече од манекенството во 2018 година за да се посвети на семејството. Но, оваа година таа повторно се придружи на Викторија Сикрет за парфемска кампања и е едно од лицата на колекцијата „Икона на Викторија Сикрет“.