Бранителот на Бојан Јовановски – Боки 13, адвокатот Сашо Дуковски денеска изјави дека здравствената состојба на Јовановски е животнозагрозувачка.и дека тој бил омаловажуван поради неговата сексуална ориентација и тоа од медицинари:
“Јовановски можел да ги чуе медицинарите како велат, што ако умре, нека умре педерот. Каде е ЛГБТ заедницата? Каде се невладините организации?” вели Дуковски и додава:
“Здравствената состојба на Јовановски е животнозагрозувачка. Бојан Јовановски има неколку сериозни болести, а особено сериозни се последиците од лекарската грешка по извршената операција подврзување, намалување на желудникот. Таа операција е неуспешно изведена два пати, а последиците Јовановски ги чувствува сега. На 2 октомври имавме медицинска препорака за санирање на оваа здравствена состојба, дека е неопходна негова хоспитализација на клиника. Затворскиот лекар од затворот Шутка тоа не го дозволува иако лекарите од клиниките бараат хоспитализација.На 14 октомври му е утврдено дека левиот бубрег не му функционира. Дадена му е антибиотска терапија со најак антибиотик. Низа лекари предлагаат во клинички услови да буде згрижен. Но, повторно ништо, не му се дава антибиотска терапија. До денес Јовановски 30 пати бил носен на лекарски интервенции. Здрав човек не се носи толку пати. Ова се сериозни прекршоци на основните човекови права“, изјави Дуковски кој нагласи дека медицинска терапија дадена од субспецијалист која му била препишана на Јовановски од затворскиот лекар не му била давана три недели и најави дека против затворскиот лекар ќе поднесе кривични пријави.