Автомобилот на холивудскиот актер Том Круз, БМВ, бил украден за време на снимањето на филмот Невозможна мисија 7 во Бирмингем.
„Пријавена е кражба на BMWH7 во раните утрински часови на 24 август. “, потврдил портпаролот на полицијата во областа Вест Мидлендс.
Лондонскиот таблоид Сан објави дека возилото на Том Круз било украдено од паркингот на хотелот Гранд, во кое имало и разна стока вредна неколку илјади фунти, пренесува Би -Би -Си.
Автокомбилот набрзо е пронајден, но се од возилото исчезнало, вклучувајќи ги и куферите на Том Круз.
Крадцките користеле високотехнолошки скенер за да гио копираат кодотза отворање и за придвижување на автомобилот.