Шехерезада го покажа трудничкото стомаче (ФОТО)

by Тони Зографски

Една од најплатените и најубавите турски актерки и пејачки, Бергузар Корел или попозната како Шехерезад, е бремена со второ дете. На почетокот на бременоста, таа и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, криеја дека по вторпат ќе станат родители, но нараснатото стомаче на Бергузар ја откри вистината.

– Како што можеше да прочитате во медиумите. Јас и Халит очекуваме друго дете. Со зборови, не можам да ви ја опишам нашата среќа, бременоста е благословена состојба и токму така се чувствувам. Ние сме многу среќни и ви благодариме за вашите добри желби,-  рече познатата Шехерезада.

Инаку, Бергузар и Халит веќе го имаат 9- годишниот син Али.

https://www.instagram.com/p/B6ptptQJOlX/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

 

останати вести