ЈА ДРЖИ ЗА РАКА И ВНИМАВА НА НЕА: Дилета бремена и вљубена на плажа (ФОТО)

by Тони Зографски

Најубавата спортска новинарка Дилета Леота (31) го покажа трудничкиот стомак додека уживаше на плажа со нејзиниот дечко и татко на нејзиното бебе, фудбалскиот голман со германско потекло, Лорис Кариус (30).

Дилета и Лорис во моментов се на одмор во Ибица, а на плажа беа фотографирани како се држат за рака, додека влегуваат во вода. Таа гордо го покажа трудничкиот стомак во розови бикини, додека партнерот ја држеше за рака и внимаваше на неа.

Дека е возбуден поради доаѓањето на новото бебе, покажа и со раката која не ја мрда од нејзиниот стомак.

останати вести