“ЈАС СУМ ПРОСЕЧНА, МАЖ МИ Е ВИСТИНСКИ АВИОН“: Ја исмеваат, а таа пука од самодоверба (ФОТО)

by Тони Зографски

Тиктокерка по име Хејзел Мекбрајд открила дека нејзиниот сопруг е „вистински авион“ и дека често ѝ велат дека покрај него изгледа како грдото пајче.

„Кога другпат ќе видите неверојатно згоден маж со жена со просечен изглед?“, ги прашала Хејзел своите следбеници на ТикТок.

Многумина ѝ коментирале дека и таа е прекрасна.

„Не гледам жена со просечен изглед. Гледам две прекрасни личности“, гласел еден од коментарите.

Sve vesti dana na temu : Hejzel Mekbrajd | Stil magazin

Друг корисник додал:

„Можеби поважна му е внатрешната убавина од изгледот“, а на тоа Хејзел духовито одговорила:

„Можеби затоа што неговиот карактер е просечен, а јас сум совршена.“

Имено, често ѝ пишувале во коментари дека нејзиниот брак е лажен, дека Пол е геј, дека е како грдо пајче… По 4 години се навикнала на сите лоши коментари.

Хејзел открила дека многу е сигурна во себе и во својата врска. Таа и Пол се запознале пред повеќе од четири години додека таа работела на Тенерифе, а тој бил на годишен одмор.

Живеат во Холандија и планираат наскоро да основаат семејство, а се венчале минатата година.

останати вести